Левица го поддржува протестот на работниците од градинката „Ангел Шајче“
- Соопштение на Левица-Куманово
Денес, работниците од градинката „Ангел Шајче“ организираа протест пред градинка „Развигорче“ на ул. Моша Пијаде, при што изразија барање до раководството на установата и надлежните министерства јунската плата да им биде исплатена.
Иако имало најави дека денес ќе им биде пуштена платата, тоа не се случило, разочарани од справувањето со ситуацијата од страна на раководството и надлежните тие излегоа да го искажат своето незадоволство.
На синдикатот му е кажано дека станува збор за административна грешка но тие повеќе не знаат на што да веруваат, велат се’ додека платата не стигне -протест ќе има.
Работниците во Републиката не смее да бидат жртви на неспособната локална и државна власт.