Левица: ДПМНЕ станува соученсник на СДС И ДУИ за договорот со Бехтел и Енка
- Реакција на Политичката партија Левица
Додека партискиот шеф, а сега – премиер, Христијан Мицкоски, во предизборниот процес често го критикуваше Договорот со Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, новопечениот министер за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, најави дека ќе продолжи да го реализира договорот потпишан од СДСМ за изградбата на Коридор 8 и 10д, што од партијата го класифицираа како „недомаќински и душмански“ чин.
Ова не е ништо ново, кога е во прашање соработката на ДПМНЕ и СДСМ по однос на расфрлањето со народни пари! Обратен процес се случуваше во 2018 година, кога под закани за тужби и пенали се форсираше гасоводот низ Водно – делница која беше проектирана и договорена во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а се изведе (со извесни компромиси) во времето на СДСМ, но остана неповрзана. Гас никогаш не протече низ неа и после 6 години. Битно, парите од кредитот се потрошија, проектантите, изведувачите и сите заинтересирани си ги добија парите, а народот доби само едно големо НИШТО за кое сега го отплаќа на рати и камати. Потсетуваме дека и тој договор беше класифициран и строго држен во тајност, иако јавноста никогаш не разбра ЗОШТО.
Имајќи го ова предвид и знаејќи ги изјавите на министерот Николовски, постои основана опасност коридорите 8 и 10Д да доживеат слична судбина како гасоводот или, пак, автопатот Кичево-Охрид. Од сето ова, засега е реализирано само одредени индивидуи да си ги нафатираат своите џебови, без притоа граѓаните воопшто да бидат консултирани преку правење незаконски таен договор, тежок милијарди, за којшто данокот ќе го плаќаат идните генерации.
Правењето договори зад затворени врати и далеку од очите на јавноста се покажа како крајно штетно! Дополнително, ДПМНЕ и ЗНАМ ја продолжуваат соработката зад затворени врати, нетранспарентно и далеку од очите на јавноста и во стилот на СДС и ДУИ ја продолжуваат соработката со Американско-турскиот конзорциум.
Во јавноста може да се насети договарање нови суми и планирање нови трошоци на грбот на народот, додека за истите слушаме по некој закриен детаљ во разни изјави.
#Левица бара во сето ова да се одбере поинаков пристап, а тоа е ТРАНСПАРЕНТНО ДА СЕ ОБЈАВИ ЦЕЛИОТ ДОГОВОР, да се раскине истиот, доколку се утврди неговата штетност и да се отпочне истрага за исправноста и оправданоста на истиот! Со таква истрага може да се докажат оправданите сомневања на јавноста дека повторно е издаден народниот и интересот на Република Македонија! Наместо спроведување на Договорот, доколку со истиот е направена штета, треба да биде прекинат и да се поднесе одговорност, а виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата!
Реализацијата на истиот не претставува ништо друго освен соучесништво.