Фицо: Членството на Украина во НАТО e гаранција за Трета светска војна
- Изјава на Премиерот на Република Словачка – Роберт Фицо, по однос на посетата на унгарскиот претседател Виктор Орбан на Украина, Русија и Кина, во обид да бара решение за надминување на конфликтот:
„Не можев да им верувам на своите очи, или всушност, можев. – Што му направија на унгарскиот премиер Виктор Орбан што одлучи, како суверен политичар, повторувам, како суверен политичар, да ги посети Украина, Русија и Кина за да промовира мировни иницијативи.
Ова едноставно не е дозволено! Да одеше да ги убеди луѓето дека Словените треба уште поинтензивно да се убиваат, можеби некој ќе го номинираше за Нобеловата награда за мир.
Не знам ни колку пати јавно повторив дека Смер и неговите пратеници нема да се согласат за членство на Украина во НАТО во Националниот совет на Република Словачка.
Ги разбирам желбите на Украина; таа е суверена земја, но членството на Украина во НАТО не е ништо друго освен гаранција за Трета светска војна. Иако, искрено, дури и без членството на Украина во НАТО, не сме далеку од тоа ако погледнеме како некои развиени демократии го порибуваат огнот“.