АктуелноЛокално

Левица: Материјали за над 10 закони доставени на два дена пред седница

  • Процедурално обраќање на Пратеникот од редовите на Левица – Сашко ЈАНЧЕВ по однос на илегално свиканата собраниска Седница од владејачкото мнозинство на ДПМНЕ и ЗНАМ:

„Моето процедурално обраќање се однесува на две прекршувања на деловникот:

Првото прекршување се однесува на член 73 став 1 кој што вели: ‘Седници на Собранието може да свика само Претседателот на Собранието’ – Од собранискиот сајт гледам дека Гаши е во Вашингтон, си има средби со странци. Физички е невозможно тој да го потпише решението за свикување за Седница, што ја прави Седницата нелегална!

Второто прекршување е прекршувањето на член 74 став 1 кое што вели ‘Решение за свикување на Седница на Собранието со предлог дневен ред и материјали се доставува до пратениците десет работини дени до одржување на седницата’. – Овој рок не е случаен, затоа што со нашето гласање одлучуваме за милиони судбини.

Ние материјали добивме пред два дена, не пред десет! – Решение добивме вчера, ново добивме денес. Не пред десет дена, нема ниту еден ден. Последното решение го добивме пред два часа!

Ова е ново Собрание, ново мнозинство или народски, нова Влада, но стари пракси. Обичај е на секое процедурално да се побара да се почитува деловникот, но јас не гаам илузии дека тоа ќе се случи!“