АктуелноИнтернационално

Пустинското „сино море“ на НР Кина – 1,2 милиони соларни панели поставени во Гоби

  • Соларни панели кои се протегаат низ огромната пустина Гоби формираат спектакуларно „сино море“ кое се наоѓа во северозападниот кинески автономен регион Ксинџијанг Ујгур

Сместено во северното подножје на планините Тианшан, над 800 метри надморска височина во автономниот регион Ксинџијанг Ујгур во северозападна Кина, се протега неверојатна глетка: огромно пространство од 1,2 милиони соларни панели поставени низ пустината Гоби, кои формираат спектакуларно „сино море“.

Ова е државна фотоволтаична централа управувана од PowerChina Renewable Energy Co., Ltd., подружница на Power Construction Corporation of China (PowerChina), во градот Фуканг. Инвестицијата е домашна и зелена електрична енергија ќе се користи на локалниот пазар односно за потребите на населението на градот и околината.

Овде сончевата енергија се претвора во зелена електрична енергија и се пренесува до фабриките, компаниите и домаќинствата во регионот Ксинџијанг и пошироко.

Во непосредна близина на соларната централа, има 216 батерии каде може да складираат 600.000 киловат-часови (kWh) електрична енергија. Системот за складирање енергија е многу важен и помага во балансирање на електричната мрежа со „полнење“ за време на периоди со мала побарувачка и „празнење“ за време на шпицот.

Со овој проект се внесува повеќе од 1,2 милијарди kWh електрична енергија во електричната мрежа на годишно ниво, што теоретски може да ги задоволи потребите за потрошувачка на енергија на целото население на Фуканг од 180.000 жители за седум години.

Со оваа инвестиција се заштедуваат 366.600 тони стандарден јаглен годишно. Годишното количество на емисии на јаглерод диоксид што е намалено со овој проект е еквивалентно на засадување 4.800 дрвја.

Електраната вработува 26 млади членови на персоналот, кои се одговорни за задачи како што се безбедносни инспекции и одржување. Овие млади професионалци, со просечна возраст од 27 години, може да поминат две децении од својот живот во оддалечената пустинска област, бидејќи соларните панели траат околу 20 години.

Проектот е олицетворение на растечкиот кинески сектор за обновливи извори на енергија. Во 2023 година, земјата сочинуваше повеќе од половина од светските 510 милиони киловати новоинсталирани капацитети за обновлива енергија.

Брзиот развој на зелените индустрии во земјата се препишува на технолошките иновации, институционалните реформи како и на напорната работа и посветеноста на луѓето.