Антиколонијализмот во Нигер продолжува – Одземена дозвола за работа на француска компанија

Влада на Нигер му ја одзеде дозволата за работа на францускиот производител на нуклеарно гориво Орано во Имурарен. Овој рудник важи за еден од најголемите рудници за ураниум во светот. Со овој чин државата продолжува да ги прекинува врските со Франција, поранешниот империјален колонизатор на оваа земја.

Одлуката на Владата на Нигер да ја одземе лиценцата на Оран може да има пошироко геополитичко влијание, бидејќи односите меѓу Нигер и неговиот поранешен колонијален владетел продолжуваат да се развиваат во лоша насока по минатогодишниот пуч.

Владата на Нигер, која сè повеќе вложува во односите со Русија и ИР Иран, вети дека ќе ги преиспита сите концесиите за рударство кои ги поседуваат странските компаниите, пред се оние од Франција.

Кај голем број компании кои веќе покажаа интерес за рудникот за ураниум во Имурарен.