Кумот на Бранко Црвенковски ќе биде министер во Владата на Мицкоски
Предлог кандидатот за нови министер од страна на мандатарот Мицкоски во Владата предводена од ДПМНЕ во министерството за администрација е Горан Минчев – кум на Бранко Црвенковски поранешен претседател на СДСМ. Минчев беше генерален секретар на СДСМ во времето кога Бранко Црвенковски беше претседател на државата.
„Новата влада на ДПМНЕ го воскресна крилото на најомразениот лик од транзицијата и оној кој остави 300.000 работници на улица.“ – Објавија од трета опција.
Од Трета опција, каде го објавија овој детал, прашуваат каква правда може да се очекува од докажани Бранковисти?
„Каква правда и одговорност да очекуваме од докажани БРАНКОВИСТИ и од оние кои се најголеми виновници за криминалната приватизација?! Додека Груевски ја водеше најцрната кампања против Црвенковски и го прати во политичка пензија,токму неговиот наследник Мицкоски го воскресна Бранко!“ – Стои во нивната објава.