Изложба на фотографија „Православие“ во уметничката галерија во Куманово
Во Уметничката галерија во Куманово денес со почеток од 19.30 часот ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија „Православие“.
На изложбата ќе бидат претставени 32 фотографии изработени од српскиот уметник Рајко Р. Каришиќ од Белград, Р. Србија.
„На изложбата ќе бидат изложени фотографии, од манастири и православниот живот од Балкан со посебен осврт на манастирот Хиландар од Света гора. Посебна тежина на изложбата даваат и фотографиите настанати од манастирите во Македонија“, велат организаторите.
Изложбата ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус е организатор на настанот. Покровител е Фото Сојузот на Македонија.