АктуелноЛокално

Исмаил: Ние сме светите жртви на „Западната цивилизација и нејзините вредности“,

  • Став на Реџеп Исмаил – Хактан, народен пратеник и Потпретседател на Левица по одос на изјавата на амбасадорката на САД за енергетската политика која ја води државата:

Ете, вчера на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) во Скопје, токму ова ни го порача Амбасадорот на САД во државава: до коска да станеме енергетски и инфраструктурно зависни од колективниот запад чии енергенси ги плаќаме десет пати поскапо од тоа што имаме можност да ги користиме оние руските. Башка нели, Грција ни е „пријателска земја“, Русија и Србија се непријатели на македонскиот народ, па од нив ни донации не треба да примаме а камоли трговија да имаме. Ние сме светите жртви на „западната цивилизација и нејзините вредности“, па ви се молам, издржете!

Инаку, погледнете кој се беше дел од овој т.н форум и ќе ви стане јасно како кафеавите сахиби немаат партија туку идеологија – тие се под исти чадор на нео- либералната идеологија, и под еуфемизмите на „ефикасност“, „ефекивност“, „одржлив развој“, „европски стандарди“ во суштина наметнуваат агенда и подготвуваат терен за либерализација на пазарот со што дополнително под јарем ќе го стават македонскиот народ, а ќе ги задоволат нивните капиталисти кои ги црпат природните ресурси, капацитети и човечка сила, и зад себе оставаат само ангари и уништени подрачја во секоја смисла: еколошка, социјална, демографска и секако економска и политичка.

И додека сето ова се случува, парарелно има НОВО поскапување на основните прехранбени производи за македонските граѓани!

За оние кои заборавиле, да ве потсетам дека Македонија направи СТРАТЕШКА и КОБНА грешка кога под влијание на западните сили во земјава го „набрка“ Турски тек од територијата на Македонија, гасовод кој носеше руски гас секако. Македонија сега го користи истиот гас само што инфраструктурно е зависна од Бугарија, и во духот на „добрососедството“ Бугарија воведе такса за Македонија за овој гас кој сега ние го плаќаме со највисока цена во цел регион, ако не и во цела Европа!