Предлогот на Мицкоски за реорганизација на министерствата изгласан со поддршка од ДУИ

  • Реакција на Политичката партија Левица – Старите корумпирани партнери повторно заедно – Предлогот на Мицкоски за реорганизација на министерствата изгласан со поддршка од ДУИ

ДПМНЕ молкум ја одби условната поддршка на Левица за реорганизација на министерствата и обезбедување на 2/3 мнозинство со воведување на една изборна единица и реши да седне на маса со нивниот стар коалиционен партнер ДУИ.

Вчера остварената средба помеѓу ДПМНЕ и ДУИ очевидно поминала со успешно пазарење кое што се одрази со потполна поддршка на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа од страна на Европскиот фронт.

Пратеничката група на Левица гласаше против измените на ЗОРОДУ, откако претходно аргументираа за апсурдноста на законот и незапазувањето на процедурата, како и после одбивањето на предлогот за реализација на една од програмските заложби и на ДПМНЕ – ветувањето за една изборна единица!

И покрај основаните сомнежи и издржани критики коишто беа истакнати од страна на пратениците на Левица, ниту еден пратеник од мнозинството, ниту пак предлагачот Мицкоски не се осмели да ја брани предложената реорганизација на министерствата.

После предлогот и изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Македонија, се случи уште едно газење на предизборните ветувања и примарната изборна реторика на ДПМНЕ за борба против ДУИ. Старите криминални партнери повторно ја обелоденија Широката Коалиција, каде за разлика од претходно, безидејната ЗНАМ на Максим Димитриевски се јавува како посебен политички субјект и уште на втората седница протурка шверцерат на системски закон!