АктуелноЛокално

Денови на македонска фотографија 2024 во КИЦ

На 11.06.2024 (вторник) во Културно информативен центар – Скопје со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата и доделување на наградите во склоп 62-рите „Денови на македонска фотографија.“

На конкурсот беа пријавени речиси 50 автори со над 270 фотографии од која стручното жири ги избра наградените во неколку категории.

ДМФ претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во Р. Македонија.