Мециновиќ: „Северна“ Македонија е национален срам за Македонците

Дека потписот на претседателот на државата беше повеќе од битен кога СДС и ДУИ го објавија Преспанскиот договор во ,,Службен весник” – уште еднаш потврди пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во ,,КЛАН дебата”.

Ова е национален срам. Национален срам за Македонците е Северна Македонија. Апсолутно, го чувствуваат како национален срам. Тоа е капитулација и не вадам нова теза. Ова е општо познато – истакна Мециновиќ.

Најмладиот пратеник од редовите на Левица додаде дека не постои држава во светот која го променила своето име поради друга држава и констатираше дека овој навионален срам мора да биде „матиран“.

Дали има друг пример во историјата на светот каде што држава променила име поради друга држава? Дали има друг пример – една држава име да смени заради волјата на друга држава? Е, па, нема! Тоа е национален срам! И тој национален срам ќе тргне од некаде да се митигира. Тоа што претседателката го направи е коректно – додаде Мециновиќ.