АктуелноЛокално

Апасиев: За државата е добро што ДУИ оди во опозиција, но тие што доаѓаат се уште полоши

Претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев, во интервјуто за „Слободен печат“ потенцира дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил грешка на овие избори.

„Мислам дека Али Ахмети направи сериозна грешка. Досега добро играше со нашите политичари. Грешката е што им даде 9 пратеници на коалиционите партнери. И еден пратеник загуби при прегласувањето. Некои од тие што ги имаат ќе се купат“, рече Апасиев.

Според него, добро е што партијата на Ахмети оди во опозиција, но тие што доаѓаат се уште полоши.

„За државата е добро што ДУИ оди во опозиција, но тие што доаѓаат се уште полоши“, рече Апасиев.