АктуелноИнтернационално

Левица изрази сочувство со раководството и народот на ИР Иран

  • Соопштение на Политичката партија Левица

По трагичната несреќа во која животите ги загубија Претседателот на ИР Иран – Ебрахим Раиси, Министерот за надворешни работи – Амир Абдолахјан и придружната делегација, Политичката партија #Левица упати телеграма за сочувство со иранскиот народ до амбасадата на ИР Иран.

Имајќи ја во предвид нивната борба на страната на угнетените народи, нивните заложби за глобална правда и солидарност против империјализмот, сметаме дека оваа трагедија не е огромна загуба само за ИР Иран, туку и за останатите народи.

Жалиме за загубата и на другите членови на делегацијата кои загинаа во несреќата и во ова време на тага, стоиме во солидарност со Владата и народот на ИР Иран.