Во рамки на ШОС Русија и НР Кина договорија зголемена соработка во Советот за безбеност на ООН
На 20 мај во Астана на маргините на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Шангајската организација за соработка, се одржа средба меѓу Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и Министерот за надворешни работи на Народната Република Кина Ван Ји.
Шефот на Министерството за надворешни работи на Русија му за топлото добредојде на Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во Пекинг и Харбин на 16-17 мај. Кинеската страна изрази благодарност за изборот на НР Кина за прва државна посета на рускиот лидер по неговото стапување на функцијата. <…>
Потврдена е взаемната заложба за зголемување на меѓусебната координација во ОН и нивниот Совет за безбедност, Шангајската организација, БРИКС, Г-20… и другите клучни меѓународни организации и механизми за дијалог. … Беше нагласена потребата од изградба на нова евроазиска безбедносна архитектура во услови на стагнација на евроатлантските механизми.
Сергеј Лавров изрази благодарност до кинеските партнери за нивната урамнотежена, избалансирана позиција за решавање на украинската криза и го поздрави предлогот на Претседателот на Кина Си Џинпинг за организирање мировна конференција, под услов подеднакво учество на Русија и Украина, земајќи ги предвид легитимните интереси на Москва во областа на безбедноста и актуелните реалности.