Мециновиќ: Македонија има потреба од протекционистичка економија

Левица е за протекционистичка економија, вели во гостување во „Тешки муабети“ портпаролот и пратеник на Левица, Амар Мециновиќ.

Многу е поекономски исплатливо Македонија да ги отвори тие работни места, отколку да зависи од странските инвестиции. Ние не сме против странски инвестиции, но мора да се регулираат, вели Мециновиќ.

Ние ги либерализравме условите за странските инвестиции и моментално сме во трка до дното. Мора да седнеме на маса со нашите соседи и да договориме усчлови, да имаме заедничко економско дејствување и можеби дури и заедничка даночна унија. Многу е позитивно соработувањето меѓу земјите од регионот, а нашите елити одработуваат за странски центри кои не сакаат соработка на Балканот, смета идниот пратеник во Собранието на Република Македонија, Амар Мециновиќ.

Ние имавме јавни капацитети кои еа приватизирани, ти имал правен механизам како да конфискваш или да вратиш нешто. Кога е странец се пакува и крај, нема што да им се земе, вели Мециновиќ.