Кинеските јавни тоалети сега можат да ви ја тестираат урината за здравствени проблеми
- Пишува: Томе Караџоски, дописник за Антропол од Н.Р. Кина
Ние уште го правиме „пато“ (читај патот) масовен за цело село…
Кинеските јавни тоалети сега можат да ви ја тестираат урината за здравствени проблеми.
Воведот на високотехнолошките писоари во јавните тоалети ширум Кина, кои можат да анализираат урина за различни здравствени показатели, навистина е интригантен развој. Овие писоари нудат брз и удобен начин за индивидуалците да добијат основни здравствени прегледи по прифатлива цена.
Цената на анализа која опфаќа показатели како витамин Ц, билирубин, креатинин, белите крвни зрнца и глукоза е 20 јуани (наши 150-160 денари). Плаќањето е екстра лесно, скенираш код и си плаќаш преку мобилен за неколку секунди.
Јас лично го испробав и завршив работа за неполна минута. Веројатно ова нема да ја замени посетата на вашиот лекар, но може многу добро да ја поттикне, ако има потреба за тоа.
Фактот што сега луѓето кои живеат во Кина се во можност да ги пратат здравствени показатели на дневно ниво и соочување со реалноста дека ние во Македонија еден автопат го градиме со децении е тешко соочување со вистината која ја живееме.
Ова оди баш во полза на овие нашиве кои се колнат само во западот, а банираат и плукаат се што е кинеско.