АктуелноЛокално

Левица објави победа – Апасиев: Имаме шест пратенички мандати

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев вечерва соопшти дека имаат освоени шест пратенички мандати на парламентарните избори и дека очекуваат да освојат уште еден пратенички мандат.

Во Првата изборна едница, како што информираше на прес-конференција, имаат двајца пратеници, во Втората еден пратеник, во Третата еден сигурен, а се борат за уште еден пратенички мандат за кој во прашање се 200 до 300 гласа, во Четвртата еден пратеник и во Петтата изборна единица – еден пратеник.

– Она за што се залагавме, тоа ни успеа. Ја кутнавме црвената буржоазија, што беше наш детски сон уште од транзицијата, на под 20 пратеника. Друга наша значајна победа, и покрај сета наша маргинализација и фаворизација на Максо, го препопловивме проектот на ЗНАМ на пола од претседателските избори што покажува дека овој изборен систем повторно не краде затоа што некаде водиме за 4.000 гласа, а имаме ист број пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица – воведување на една изборна единица, рече Апасиев.

– Левица ќе продолжи појако, пет пати појако од сега, затоа што секој наш пратеник вреди колку десет нивни. Да знаат дека ги чека пекол во Собранието со нашите борбени пратеници, рече Апасиев.