АктуелноЛокалноНастани

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001​​​​​​

Денес, Носителот на ИЕ6, Игор Димески од Левица, во Тетово имаше средба со бранителите од 2001 година.

Од населбата Два Бреста во Тетово, во паркот кај споменикот Иљо Антевски-Смок, Димески порача: 

,,Левица ќе направи сè, за да се институцијализираат барањата на бранителите. Потребен е нов закон за бранители, за да не бидат третирани како граѓани од втор ред, како што е во моментов”.

Бранителите ги изнесоа своите барања и нереализирани ветувања од претходните власти, кои останаа само празни усни ветувања. Исто така, бранителите ги поздравија заложбите на Левица, истакнати од Димески.

Со повеќе пратеници од Левица во Парламент, ваквите заложби и Програмата на Левица добиваат поголема остварливост.