Апасиев за поткастот на Плусинфо: Чуму ни е ЕУ ако ја загубиме Македонија?
„Црни денови доаѓаат за СДСМ, но бели за Македонија. И тоа е многу добро“. Ова го изјави лидерот на Левица и носител на листа во Изборна единица 1, Димитар Апасиев, кој гостуваше во поткастот на Плусинфо.
Тој рече дека неговите првични очекувања биле партијата на Димитар Ковачевски да освои помалку од 30 пратеници, но како што вели, резултатите од првиот круг од претседателските избори покажуваат дека бројот на пратеници што ќе го освои СДСМ на парламентарните избори ќе падне под 20.
– Очекував СДСМ да падне под 30 пратеници на овие парламентарни избори, но не очекував дека ќе падне под 20 пратеници. А тоа ќе се случи. Тоа значи дека револтот кон СДСМ како анационална партија е енормен, а не треба да заборавите дека Стево Пендаровски беше кандидат со поголем рејтинг од партијата која го предложи за кандидат за претседател на државата.
Погледнете го целото интервју: