АктуелноЛокалноНастани

Нови канцеларии на Левица во Могила и во Росоман

Денеска отвараме нови канцеларии во две нови општини во Изборна единица 4, објави носителот на листата со пратеници на Левица во оваа изборна единица, Саше Јанчев.

Посочено е дека отварањето на канцеларија во Могила е од 18 часот, додека во Росоман од 20.

Инаку, Јанчев ја информираше јавноста дека во текот на вчерашниот ден тој се дружеше со граѓаните на Општина Новаци.

– Синоќа до доцна навечер бевме на средби со граѓани низ Општина Новаци. Главен проблем им е што не оди земјоделието. Викаат што и да посадиме се тресеме дали ќе помине добро на пазарот и се молиме да не биде бадијала и трудот и инвестицијата. Им ги претставивме нашите мерки кои се однесуваат на земјоделието а кои предвидуваат сериозна државна интервенција во оваа област. Една таква мерка е задолжителното пополнување на државните стокови резерви со домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците, изјави тој.