(Видео) Левица оддаде почит на загинатите во Вејце
- Изјава на Игор Димески – носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 6
Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо цвеќе, се поклони и оддаде почит делегација на Левица, предводена од:
Реџеп Исмаил потпретседател на Левица,
Андреа Јанков член на ЦК и модератор на сектор урбанизам.
Дарко Ристов член на ЦК и модератор на ИТ сектор, Игор Димески носител на ИЕ6, модератор на сектор Енергетика и советник во град Скопје.
Цвеќе положија членови и активисти на Левица – Тетово и бранителите од 2001 година, како и Левица – Брвеница и модераторот на ЛО – Гостивар, Дарко Грујовски.
Народот македонски го има врежано во својата колективна меморија најгрозоморниот, крвав чин во поновата историја – Вејце.
Ден, кога и вжештеното сонце се скри зад високата Шара за да не ја гледа заседата поставена за осумте младичи, кои беа вистински родољуби и не ја жалеа младоста за татковината.
Ден, по кој темелите на милениумска Македонија ги урниса срамниот и подметнат Рамковен договор, кој разнебити илјадници семејства, и ги расеа во пролеттната прашина на заборавот.
Крвареше Македонија, која ниедна политичка биуржоаска елита не и ја зацели раната од тој ден. Молчеа и простум стоеја уценети и со устремени глави кон прозападната апстракна мисија, сите минати влади.
Но, единствената и најразгорена искра, народната – Левица, нема да дозволи молкот и споменот да ги проголта!
Левица е создадена од и за народот и ќе продолжи во континуитет да го гаи споменот на достојните:
Припадници на МВР: Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица ,,Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски.
Тие заслужуваат достоинствен спомен-дом за кој Левица ќе се бори со секој свој атом на силата.
Левица од позиција на власт и со заеднички сили, народни и братски ќе го издигне фениксот на чедната младост и жртвената љубов за татковината!
Ќе блеснат дур Универзумот осумте бели столба на Македонија!
СЛАВА ИМ!