Апасиев: Не ни треба мораториум за Левица, туку за Преспанскиот и за Рамковниот
Не ни треба мораториум за напади на Левица, туку ни треба мораториум дека Рамковниот и Преспанскиот за вас се завршена работа, а за нас не се, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев, испровоциран од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој пред неколку дена стави мораториум на сите напади упатени кон Левица.
-Ни треба мораториум да не станеме кворумџии на СДС и УЧК и да им правите кворум кога менувате закони во полза на олигархијата. Ни треба мораториум да не си ги легализирате хациендите. Ете таков мораториум ни треба, посочи Апасиев.
Погледенете го видеото тука.