АктуелноЛокалноНастани

Ванковска: Тие би во НАТО и низ оџак да влезат, а јас на главна порта да излезам од таа секта на смртта

  • Фејсбук статус на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател поддржана од Левица

Е па, драги мои, извлеков максимум од ова што требаше да биде претседателска дебата, а личеше на симултано интервју со седум кандидати.

Веројатно забележавте дека никој не сакаше или не се осмели да ми реплицира. Тоа значи дека или немаат контрааргументи или сите исто мислат, иако навидум се караат. Сите се за НАТО, ЕУ, и бла-бла. Тие би во НАТО и низ оџак да влезат, а јас на главна порта да излезам од таа секта на смртта.

Ниту збор за национална безбедност!! Ама затоа Ен-џи-о-ашки теми како млади и корупција.

Ова беше последното интервју до денот на изборите во првиот круг. Ако сакате ВИСТИНСКА дебата со вкрстување на сабји, гласајте за мене.