АктуелноЛокално

Извисени се младите во Илинден – мултифункционалното игралиште под катанец

  • Реакција на Левица – ЛО Илинден

Мултифункционалниот спортски комплекс отворен неодамна, на почетокот на овој месец, е затворен и недостапен за младите од Општина Илинден.

Додека локалните власти ги бие лош глас во јавноста дека наводно условуваат бизнисмени да донираат и да дават рекет за да можат да реализираат одредени инвестиции, овој пат на удар се најдоа младите, кои наместо да имаат непречен пристап до спортските комплекси, тие наидуваат на затворени врати и катанци!

За жал, иако спортскиот комплекс е изграден со народни пари, ДПМНЕ смета дека истиот е нивна партиска своина (како нивната грациозна бела палата) па се одлучува на младите да им го забранува пристапот до него.

Ги повикуваме локалните власти ВЕДНАШ да го стават на располагање спортскиот комплекс за младите бидејќи тој е изграден за нив, за тие таму да се рекреираат и спортуваат.

Левица е народна партија и како таква секогаш ќе се залага интересите на граѓаните да се почитуваат, вклучително и на младите.