Раскол во СДСМ, Спасовски и Каевски демонстративно ја напуштиле седница на Извршниот одбор?
На состанокот на Извршниот одбор на СДСМ кој се оджа денеска поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и портпаролот и актуелниот пратник Дарко Каевски демонстративно ја напуштиле седницата на која што се разговарало за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8-ми мај, тврди телевизијата Клан повикувајќи се на партски извори.
Според изворите на оваа телевизија, атмосферата на состанокот на Извршниот одбор била многу тензична и имало огромно незадоволство во рамките на СДСМ за, како што велат, самоволието на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.