Апасиев: Кванташката мафија, поддржана од ДУИ, свесно го уништува македонското земјоделство
Постојано се намалува земјоделското производство и се зголемува увозот на храна, тврдат од Левица.
-За 10 години за увоз на храна сме потрошиле 6,7 милијарди евра, од кои 4,5 милијарди евра за време на сегашната власт. Само во 2022 година се потрошени рекордни 900 милиони евра. Истата година увозот од Албанија е зголемен за 37 отсто, додека извозот во Албанија е намален за 22 отсто.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, тврди, пак, дека ова е добро смислена политика.
– Кванташката мафија, поддржана од ДУИ, свесно го уништува македонското земјоделство, за да фаворизира увоз од Албанија, тврди Апасиев.