Државата ги отпиша младите лекари, Левица не ги заборава
Левица поднесе Иницијатива за вонреден инспекциски надзор до ДЗСИ за занемарените млади #лекари, кои Македонија ќе ги изгуби, доколку Владата не им ја овозможи законски регулираната пракса. Тие веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса, на која Министерството за здравство со закон ги обврзува за нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација, информираат од партијата.
По шест години редовни студии и уште шест месеци поминат стаж за полагање државен испит, тие чекаат на повик од Министерството кое е надлежно да ги ангажира низ центрите за примарна здравствена заштита. Во државава има очигледен недостигот на млади лекари, а во исто време тие се оставени во чекалницата на институциите, чекајќи вработување или платена пракса која им следува со закон.
Од ДСЗИ бараме:
-Веднаш да се спроведе вонреден инспекциски надзор во пријавените институции со цел да се утврди дека при работењето во Министерството за #здравство биле ангажирани лекарите кои го положиле испитот за лиценца за работа во декемврискиот испитен циклус на Лекарската комора на Република #Македонија во Здравствените домови;
-Да се утврди дали неправилно се применуваат законските одредби од Законот за здравствена заштита и да се нареди отстранување на горенаведените повреди на законите на Република Македонија со цел:
(1) да се спречи противзаконско оневозможување на платената #пракса за младите лекари кои го положиле испитот за стекнување со лиценца на доктор по медицина; и
(2) доследно да се овозможи тековна едукација на лекари и #медицински персонал, како и за кофинансирање на #специјализација, односно #супспецијализација на здравствените работници за 2024 година.
ДСЗИ да ги преземе сите потребни законски дејствија, да донесе соодветни управни акти со што би се санкционирале и спречиле понатамошни незаконитости и постапувања спротивни на Законот за здравствена заштита и Законот за општата управна постапка.