Мустафаоглу: Патриотите од ДПМНЕ дадоа амин на Имер Селмани за изградба на 20-катница
- Пишува Дарја Мустафаоглу – член на Советот на општина Ѓорче Петров при п.п. Левица
Се сеќавате на ДПМНЕ кои во јануари 2021 година се бунеа за висококатниците карши пазарот во Ѓорче (ДУП СЗ 16) и нетранспарентноста на постапката? Епа денес ќе го донесат тој ДУП – вчера вечер испратени материјали, а денес во 10:00 сабајле си закажаа ВОНРЕДНА седница на брзина.
ДУП-от предвидува 20катиница, 17катница, четири 14катници, две 12катници, шест 9катници,седум 7катници, и уште десетина помали згради.