АктуелноИнтернационалноНастани

Грозни во чест на Владимир Путин

Претседателот на автономната Република Чеченија, Рамзан Кадиров на својот канал на Телеграм објави дека новата област на градот Грозни ќе го носи името на рускиот претседател Владимир Путин.

„Запознаен сум со текот на работите во централниот дел на градот. Овде е започнат голем проект, а кога ќе се заврши, ќе имаме нов кварт. Ќе го носи името на нашиот народен лидер, најистакнатата политичка фигура на нашето време, претседателот Владимир Путин“, објави Кадиров.

Toj рече дека областа ќе се наоѓа на површина од над 200 хектари, пишува РИА Новости. Покрај 130 станбени згради, има и повеќе од два милиони квадратни метри станбен простор, каде ќе се градат џамии, градинки и други објекти од социјалната инфраструктура.