АктуелноЛокално

Левица: Возможно е да се заштити јавниот имот и спречи приватизацијата

  • Политичката партија Левица започна со општествено одговорна кампања, во која споделува како останатите земји од светот ги решава проблемите со кои се соочуваме во нашето општество. Од партијата со оваа кампања имаат за цел да покажат дека многу решенија за проблемите со кои се соочува народот и државата има едноставни решенија, но недостасува политичка волја, статус кво, кое може да се промени единствено со зголемување на политичката моќ на партијата. 

Во одредени левичарски земји како Боливија под претседателство на Ево Моралес, забележана е значителна промена во политиката во однос на приватизацијата на јавните претпријатија кои обезбедуваат основни услуги.

Во 2006, Моралес потпиша одлука која ги принуди нафтените компании кои оперираат во Боливија да предадат 82% од своето производство. Оттогаш, левичарската влада водеше бран на понатамошна национализација, вклучувајќи ја и онаа за минералните ресурси, електричната енергија, телекомуникациите и другите производствени сектори. Национализацијата често се случуваше со тоа што државата ја враќаше контролата врз приватизираните државни претпријатија.

Боливија ја заокружи 2016 година со највисока стапка на економски раст во Јужна Америка, намалена сиромаштијата и економски раст од 4,5 отсто во просек.

Левица се залага за забрана на натамошна приватизација на јавните претпријатија кои даваат јавни услуги, како и ограничување на концесионерството на природните богатства и на јавните добра и услуги.

Возможно e , но од народот зависи!