АктуелноЛокално

Крмов: Левица блокираше закон на урбанистичката мафија предложен од ДПМНЕ со 485 амандмани

Широката коалиција ДПМНЕ, СДС и ДУИ се обиде да донесе нов закон за урбанизам за продолжување на рокот за малверзации на урбанистичката мафија со ДУП-овите за 4 години. Овој закон денеска беше блокиран од пратениците на Левица со 485 амандмани, објави пратеникот Борислав Крмов на својот Фејсбук профил.

Со 485 амандмани Левица блокираше наменски закон за урбанизам кој на урбаната мафија ќе и го продолжеше рокот за малверзации за 4 год! Предложен од ДПМНЕ, а вчера заеднички изгласан од широката коалиција ДПМНЕ/СДС/ДУИ.