АктуелноЛокално

Изложбата “Поема на Атомите” во сабота во Битола

Изложбата „Поема на Атомите“ од Благојче Петровски, ќе биде претставена во сабота на 20 јануари 2024 година со почеток од 19:30 часот, во Офицерскиот дом во Битола.

Темата на изложбата и нејзино име – “Поема на Атомите” е инспирира од древната поезија на Руми, легендарниот поет и мистик од 13 век, кој во својата поема пее за атомите како израз на љубовта и прoчистувањето. Историјата и мудроста се споени во современиот јазик на слика, создавајќи мост помеѓу вековните стремежи на секој човек и денешниот свет.

На изложбата ќе бидат представени 50-тина дела.

„Живеењето во современиот свет, посебно последниве декади е познатo и како време на хроничен и мултидимензионален стрес. Во времето кога фреквенциите на стрес и негативност преовладуваат, кај сите нас на различен начин се појавува потребата за извор на нивно прочистување и обнова. Таквата потреба наоѓа израз во овие дела на оваа изложба насловена како “Поема на атомите” кои верувам и се надевам дека придонесуваат, кон ако не прочистување тогаш барем амортизирање на тежината на нашето секојдневие“.