БРИКС ќе организира над 200 настани годинава – Економијата во главен фокус
Како дел од претседавање на Руската Федерација со БРИКС, планирано е да се одржат повеќе од 200 настани од различни нивоа и насоки во текот на 2024 година, ова стои во официјалното сооптение на претседавачот.
Важна област на работа ќе биде сеопфатното спроведување на Стратегијата за економско партнерство на БРИКС до 2025 година и Акциониот план за иновативна соработка за 2021-2024 година.
Дополнително, се планира посебен акцент на зголемување на улогата на државите од БРИКС во меѓународниот монетарен и финансиски систем, развивање меѓубанкарска соработка со акцент на зголемување на порамнувањата во националните валути. Ќе се посвети внимание и на натамошното продлабочување на дијалогот и интеракцијата во областа на културата, спортот и младинската размена.