Германија блокирана – Од германските земјоделци може да се учи како се бори за работнички права
Земјоделците утрово протестираа во Германија против укинувањето на субвенциите, а полицијата е на готовност. Земјоделците излегоа со своите трактори, а им се придружија и камионџии.
Како што пишува Дојче веле, овој понеделник практично ниту еден дел од Германија нема да функционира нормално. Ќе има илјадници трактори на патиштата – во она што германските земјоделци го нарекуваат најголемиот протест во историјата.
Билд објави мапа со градови и автопати чии блокади се најавени – списокот е долг. Властите ги повикаа граѓаните да користат железнички превоз во понеделник и да се откажат од возењето, работодавачите им порачуваат да работат од дома секаде каде што е можно, училиштата ќе го оправдаат отсуството на децата од наставата.
Железничарите и возачите на камиони денеска се приклучија на големот штрајк на земјоделците ширум Германија поради укинувањето на земјоделските субвенции, повисоките патарини и ниските плати.