АктуелноЛокално

Ванковска: Државата е празна фасада – се е приватизирано

Пишува: Билјана Ванковска – редовен професор на УКИМ – Скопје

Тоа што институција од критична инфраструктура е чувана од приватна агенција е резултат на “генијално” експертско решение внесено во закон. Приватните агенции не само што чуваат вакви институции, туку и државни (АРМ, на пример), но се бара и овластување тие да образуваат и лиценцираат луѓе за заштита на критична инфраструктура (закон за заштита на критична инфраструктура).

Државата е празна фасада, сѐ е приватизирано, на еден или друг начин. И примитивизирано!