АктуелноИнтернационално

Израел води тајни преговори со Конго за прифаќање бегалци од Појасот Газа

Израелските власти водат тајни преговори со африканската држава Конго и неколку други земји за прифаќање бегалци од Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми.

„Република Конго е подготвен да прифати бегалци, но ние сме во преговори и со други“, потврдил на висок функционер на израелската служба за безбедност, а пренесува „Тајмс оф Израел“.

Ова оди во прилог на изјавата на Министерот за разузнавање Гил Гамлиел, кој изјави дека на крајот на војната владата на Хамас ќе пропадне, нема да има локални власти, а цивилното население ќе биде целосно зависно од хуманитарна помош.

„Нема да има повеќе работа во Газа, а 60 отсто од земјоделското земјиште ќе стане безбедносна тампон зона“, рече министерот Гамлиел.

Тој додаде и дека омразата врз Израел ќе продолжи во Газа и дека новите напади врз Израел се само прашање на време, тој додаде дека проблемот со Газа не е само израелски проблем.

„Светот треба да ја поддржи хуманитарната емиграција, бидејќи тоа е единственото решение што го гледам“, рече министерот Гамлиел.

Официјален Вашингтон ги осуди екстремно десничарските израелски министри Безалел Смотрич и Итамар Бен-Гвир за залагањето за преселување на Палестинците од Газа.

“Оваа реторика е запалива и неодговорна”, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.