Апасиев: Tерорист, кој не одговараше за Хашките случаи, да знае дека нема играчка со Левица
Во интервју за порталот А1он – Димитар Апасиев, пратеник и лидер на партијата Левица изјави дека за погазувањето на Уставот и Деловникот од страна на Џафери, ќе дојде денот кога ќе има одговорност, а до тогаш најави уште поголема радикализација од страна на Левица.
„Тој терорист, кој не одговараше за Хашките случаи, мора да знае дека веќе нема играчка со Левица и ова ќе се повторува, ви гарантирам, на секој еден отфрлен амандман на Левица. Мора да сфати дека уставното право ние ќе го користиме максимално и тој не смее да задира во нешто што е уставно право на пратеник. Не Таљат, свети Таљат, нека е. Ова е црвената линија и после ова ќе бидеме уште по радикални. Ова е само одговор на нивното дивјаштво. Оттука нема простор за морализација“.
Во продолжение, Апасиев констатираше дека тоа што го прави Талат е злоупотреба на службената положба и додаде ека на секој настапа со сила, Левица ќе возврати со сила.
„Ова е злоупотреба на службена положба и овластување затоа што се работи за повреда на туѓо право. Веќе не разговараме со него, нема што да си кажеме. Ова е начинот на кој ние ќе разговараме со сељаците во Собранието. Сакате сила, ќе добиете сила. Ние сме спремни на се. Ова со двајца, после следните избори ќе бидеме многу повеќе од двајца“, се закани Апасиев.