АктуелноЛокално

НКПЈ и СКОЈ ќе настапуваат на изборите во Србија на листата на Руската партија

Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) и Новата комунистичка партија на Југославија (НКПЈ) излегуваат на парламентарните и локалните избори во Србија на 17 декември и ќе се појават на листата на Руската партија.

Секретаријатот на СКОЈ и НКПЈ донел одлука нејзините кадри да учествуваат на изборите како кандидати на листата на Руската партија бидејќи, како што рекоа, делат ставови со таа политичка организација за многу прашања.

„Руската партија, идентично како СКОЈ и НКПЈ се против пристапувањето на Србија во империјалистичките сојузи како НАТО и Европската Унија, а од друга страна се за зајакнување на сеопфатната соработка со братска Русија и земјите од БРИКС“, се вели во соопштението на овие организации.

Се додава дека, како и руската партија, сметаат дека Косово и Метохија „е составен и неотуѓив дел од Србија и категорично се противат на воведувањето санкции против Москва“.

Заедничката соработка се заснова и на, како што велат, наследување и одбележување на антифашистичката традиција од периодот на Втората светска војна.