Виновен додека спротивното не се докаже
- Фејсбук статус на Јован Крајевски – член на Президиумот на Политичката Партија Левица
Кога на 5 јуни 1989 се појави сликата од човекот што стои пред тенковите на плоштадот Тианмен, владата на Народна Република Кина, беше прогласена за режим кој масакрирал стотици студенти-демонстранти. Заклучокот се донесе без никаква истрага, без да се сослуша обвинетата страна, без да се слушне некој чии интереси во Студената Војна не се поклопуваат со интересот да се изгради слика за НР Кина како тоталитарна дистопија.
Кога на 1 април 2022 се појавија слики од масакрот во Буча, осудата на Западот и медиумите беше едногласна: војници на Руската Федерација вршат геноцид над украинскиот народ. Без никаква истрага, без да се сослуша обвинетата страна, без да се слушне мислењето на државите надвор од ЕУ и НАТО, Путин беше прогласен за Хитлер, а Русија за геноцидна, фашистичка творевина.
Кога на 7 октомври 2023 се појавија снимки од луѓе кои бегаат од фестивалот во Реим, Западот ги прогласи Хамас за масовни убијци на цивили. Повторно, без никаква истрага и без никакво право на одбрана, Палестинците беа прогласени за монструми, Хамас за терористи, израелската влада за единствен глас на разумот и израелската војска за армија со света цел да се брани од палестинската напаст.
Ама, кога на 17 октомври 2023 израелската армија бомбардираше болница во Газа и уби неколку стотици пациенти, истиот тој Запад и истите тие медиуми кои никогаш не чекаат некоја истрага да заврши пред да го вперат прстот во нивниот противник, сега го Бранат Нетанјаху и израелската влада. Сега тие се прашуваат дали можеби бомбата била од Хамас, дали можеби палестинците сами се испоубиле, дали можеби немало многу жртви, па колкав број на жртви е потребен за еден настан да се прогласи за геноцид и така натаму до бескрај.
Е сега, кога сојузникот на Западот е обвинет – е дури сега важи правилот дека обвинетиот е невин, додека спротивното не се докаже!