АктуелноЛокално

Азербејџан започна воена акција – Конфликт на Нагорно Карабах е повторно активен

Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека почнало антитерористичка акција во одметнатиот регион Нагорно-Карабах, кој е под контрола на Ерменија.

Азербејџан започна операција во Нагорно-Карабах за „враќање на уставниот поредок“, објави прес-службата на републичкото Министерство за одбрана.

„Со цел да се обезбедат одредбите од трипартитното соопштение, да се прекинат провокации во карабахскиот економскиот регион, разоружување и повлекување на формациите на вооружените сили на Ерменија од нашите територии, <…> и враќање на уставниот поредок на Република Азербејџан, започнати се локални антитерористички мерки во регионот“, се вели во соопштението за печатот.

Министерството за одбрана на Азербејџан објави дејствието го оцени како „антитерористичка акција во одметнатиот регион Нагорно-Карабах“, кој е под контрола на Ерменија. Тензиите во регионот пораснаа во изминатите месеци, што кулминираше откако 11 азербејџански полицајци и цивили загинаа во експлозија на мина и во друг инцидент.

Баку денеска ги обвини ерменските сили за систематско гранатирање на позициите на азербејџанската војска и кажа дека возвратил со лансирање на локални антитерористички активности.

„Целта на акцијата не се цивили и цивилни објекти, туку легитимни воени мети се онеспособуваат со помош на високопрецизни оружја за да се поврати уставен поредок во Република Азербејџан“, соопшти министерството за одбрана на Азербејџан.

Ерменија кажа дека тврдењата за ерменски напади немаат врска со реалноста.