АктуелноЛокално

Студентскиот отпор го поддржува протестот на студентите од Правниот факултет

Студентски отпор како организација што се залага за подобрување на студентскиот стандард и актуализирање на сите студентски проблеми овој пат застанува со поддршка за студентите од Правниот факултет, кои спонтано се самоорганизираат да протестираат по повод измените во Кивичниот законик, информираат од таму.

„Ја поздравуваме секоја иницијатива, но и активизам и борба на сите студенти во која било форма, затоа што само со масовен отпор на сите фронтови за сите проблеми можеме да се избориме за подобрување на студентскиот стандард и студентите воопшто“, се нагласува во нивното соопштение.

Студентскиот отпор, како што велат, го поддржува протестот на студентите, кој ќе се одржи денес пред Владата на Р. Македонија во 18 часот.