АктуелноЛокалноСтав

Министерке Тренчевска дали некогаш сте преживувале?

  • Фејсбук статус на Виолета Аврамовска – советник во општина Охрид од Политичката Партија Левица

Министерке Тренчевска дали некогаш сте преживувале?

Министерке за Труд и социјална политика, дали знаете како е да се преживува? Дали некогаш сте имале период во животот кога сте биле на преживување?

Да преживувате значи на вашата прескромна трпеза да имате само леб, а понекогаш да имате денови без леб. Да преживувате значи со денови, недели или месеци да живеете без струја и да стравувате како ќе ја поминете зимата, бидејќи немате средства да набавите огрев.

Да преживувате значи децата да ви бидат облечени во стари и изветвени алишта и искинати обувки, а понекогаш, многу често и гладни.

Да преживувате значи да не можете да се лекувате затоа што јавното здравство е урнисано, а профитерските приватни клиники ви се недостапни.

Пензионерите не се виновни за криминалната приватизација и за тоа што ги оставивте на улица како стечајци. Заслужуваат тие убаво да живеат, да можат да си дозволат и годишен одмор, а не само да преживуваат.

Министерке Тренчевска, наместо да го понижувате народот со вакви изјави, како вашите претходнички, крајно време е конечно да се зафатите со сериозни социјални реформи, затоа што Република Македонија е се’ друго, само социјална држава не.

Баравте правда, да ве потсетам на вашата парола, НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР, а донесовте социјална неправда и невидена сиромаштија. Класна раслоеност како никогаш до сега.

Ветивте ЖИВОТ, а донесовте смрт, понижувања, предавства.

Затоа подобро замолчете и не понижувајте ги уште повеќе со вашите изјави, оние кои ве плаќаат вас и вашите 78 проценти.

оста му е на овој народ преживување, сакаме да живееме!