„Ана Каренина“ на Петар Илич Чајковски на 23 и 26 јуни во Националната опера и Балет
На 23 и 26 јуни 2023, со почеток во 20 часот во Националната опера и Балет ќе се изведе ремек-делото „Ана Каренина“, балетската претстава во два чина со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски .
Преку современите кореографски решенија соединети со класичен балет на Лео Муиќ од Хрватска, минималистичката, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.
Голем предизвик е да се направи уметничко дело, кое за драматуршка предлошка има двајца Великани на Руската и светска уметност и култура, Лав Николаевич Толстој и Петар Илич Чајковски.
Едно од најпознатите светски литературни дела „Ана Каренина“ од крајот на 19 и во целиот 20 век, претставувало инспирација за многу театарски и филмски креации. Еве го сега пред нас, како инспирација за кореографот Лео Мујиќ и балетскиот амсамбл на Македонската опера и балет. Чајковски во својот прекрасен опус често бил инспириран од делата на руската и светска класика, но никогаш не искористил дело од Толстој. Сепак, за романтична приказна како што е „Ана Каренина“, како најсоодветна се покажа токму неговата музика. (Во нашето кореографско видување, искористение се делови од: Концертот во D-dur за виолина и оркестар, Симфонијата во b-moll, Сентименталниот валцер, Петтата симфонија вo e-moll, Шетстата симфонија во b-moll и Елегијата во g-moll).
Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовскa (23.6.), Марија Кичевска Шокаровска (26.6.), Бобан Ковачевски (Балаж Лочеи, Унгарија), Гиљерме Алвез (Португалија).
Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и Балет.