АктуелноИнтернационално

Орбан: Унгарија нема да војува против Русија

Унгарија под сегашната влада никогаш нема да војува против Русија, ниту ќе дозволи да биде вовлечена во украинскиот конфликт, рече Виктор Орбан.

За време на гостувањето во радио станицата „Кошут“ тој ја коментираше неодамнешната изјава на градоначалникот на Будимпешта, Гергеј Корачоњ, кој рече дека „Унгарија веќе е во војна со Русија“.

„Ако некој кажува такви работи и не мрда, таа личност едноставно не под здрав ум“, изјави Орбан. Според неговите зборови, „ниту еден здрав човек, кој слушнал за Втората светска војна, не може да си дозволи такви изјави“.

„Се додека оваа Влада е на власт, Унгарија нема да војува против Русија“, нагласи Орбан.

Орбан постојано повторува дека водечките земји на ЕУ и другите членки се обидуваат да ја вовлечат Унгарија во војната во Украина и ја повикуваат Будимпешта да почне да го снабдува Киев со оружје, но дека неговата земја е на страната на мирот. Од почетокот на конфликтот, Унгарија ги повикува Русија и Украина да прогласат прекин на огнот и да започнат мировни преговори.