Украинската антикорупциската служба откри огромен корупциски скандал во Врховниот суд
Украинската државна антикорупциска служба објави дека е отворена истрага за корупција од големи размери во системот на Врховниот суд на Украина, а во јавноста беше прикажана фотографија од куп долари уредно наредени на софата.
Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) не именува никого како обвинет во случајот, но два локални медиуми објавија дека полицијата го привела претседателот на Врховниот суд Всеволод Књазиев под сомнение за примање мито во износ од три милиони долари, според Ројтерс, но таа информација не е официјално потврдена.
„НАБУ и Специјалната служба за антикорупциско обвинителство (САП) открија голема корупција во Врховниот суд и шема за поткуп на раководството и судиите на Врховниот суд. Во тек се итни истражни дејствија“, соопшти НАБУ.
Брисел ја направи борбата против корупцијата предуслов за пристапување на Украина во Европската унија.
На Индексот за перцепција на корупцијата „Транспаренси интернешнл“, кој опфаќа 180 земји, Украина и покрај напредокот постигнат во последните неколку години е на 116-то место, пренесува Танјуг.