Путин денес ќе разговара за развојот на туристичкиот сектор со членовите на владата – Кремљ
Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе одржи средба со членовите на владата во формат на видео конференција, соопшти во понеделникот прес-службата на Кремљ.
„Прашањата за развојот на туристичкиот сектор ќе бидат главна тема. Извештаите ќе ги поднесат Вицепремиерот Д.Н Черниченко, Министерот за економски развој М.Г. Решетников, министерот за транспорт В.Г Савељев, Минстерот за природни ресурси и животна средина А.А. Козлов‘‘, се вели во извештајот.
Покрај тоа, ќе се разгледаат голем број релевантни актуелни прашања. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, претходно изјави дека Путин на состоанокот со кабинетот ќе го постави прашањето за реконструкција на објектите по пожарот во населбата Сосва во регионот Свердловск.