Цуцуловски: Договори треба де се во согласност со законот, а не законот согласно договорите
Во последните неколку години гледаме постојано кршење на правното начело наречено уставност и законитост, согласно кое се утврдува хиерархијата во еден правен систем каде законите се во согласност со Уставот на државата, а секоја останата одредба е во согласност со законите, во спротивно трева да следува санкција односно казна.
Политизирањето на правниот систем кое го прават СДСМ и ДУИ изминатите години е на највисоко ниво во историјата на Македонија. Постојано сведочиме како партиите од позиција на власт прават договори, кои се целосно спротивно на домашната регулатива , а потоа регулативата ја прилагодуваат со противуставните и противзаконските договори кои нивните лидери ги постигнале.
Такви беа добрососедските договори со Бугарија, противуставниот преспански договор, така се протуркува францускиот предлог, а така денес се носат закони за да се удоволи на капиталните интереси на „Бихтел и Енка“, за договор постигнат зад грбот на јавноста, во кој се трошат милионски суми народни пари, без ни малку транспарентност.
Поради овие причини професорот Љубомир Цуцуловски на социјалните мрежи ја искоментира оваа негативна правна феноменологија, спротивна како на правните така и на демократските начела.
„Некогаш, во старите лоши времиња, кога се потпишуваше договор требаше да биде во согласност со законите. Сега е поинаку. Прво се потпишува договор, потоа се носат закони, кои треба да бидат во согласност со договорот. Така е, бидејќи денес важи правилото ‘Нема правда – има мир!’ Ваквиот мир преминува во спокој, а спокојот во покој“ – напиша професорот Цуцуловски.