(Видео) Не може да застаре делото за функционери кои украле за три поколенија
- Дел од гостувањето на претседателот на #Левица, проф. д-р Димитар Апасиев во емисијата „Тешки Муабети“.
„Еден од приоритетите на Левица е НЕЗАСТАРЛИВОСТ на економскиот криминал т.е. кога и да те фатат да можеш да одговараш! Ние поднесовме таков предлог-закон, кој предвидува да не застаруваат кривични дела (каде е најголемиот криминал) – ама заглави на Комисија.
Знаете дека 6 ипол милијарди беше проценета општествената книговодствена вредност на претпријатијата во транзицијата. А, државата инкасираше само пола милијарда, значи шест милијарди ни искрадија по Белизе и нивните офшор компании. И најодвратна фраза во политика ми е: – нема пари. Има пари, само ДУШМАНСКИ крадете!”