Додека Украинците гинат, генералите се возат низ Киев со нови Мерцедеси
Американскиот новинар Сејмур Херш, кој е добитник на Пулицерова награда, во интервју за RT открива дека Западот знае дека оружјето испратено до украинските војници завршува на црниот пазар, и благодарение на тоа украинските функционери профитираат и се богатат, но нивните медиуми како и западните тоа го премолчуваат.
„Со месеци по избувнувањето на конфликтот во февруари минатата година, сите беа загрижени и свесни за опасностите, за препродажбата на преносливите и скапи американски ракетни системи, кои можат да соборат авиони на значителна висина.“, кажа Херш. Уште во раната фаза на конфликтот, Полска, Романија и другите погранични земји веќе беа претрупани со оружје што Западот и го доставуваше на Украина.
„Командантите, не сум сигурен на кое ниво од хиерархијата – најчесто не се генерали, туку полковници и други со помали чинови – добиените пратки со оружје лично ги препродавале или ги пренасочувале на црниот пазар“, додаде Херш.
Според американскиот новинар, дури и директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, го има обвинето украинскиот претседател Володимир Зеленски за фактот што украинските функционери и генерали се возат низ Киев со нови Мерцедеси, изјави Херш за РТ.
Американците, додаде тој, биле толку згрозени што токму тие морале да му дадат на Зеленски список од 35 лица вмешани во корупција. Оттогаш, само десет се отпуштени.
„Американските функционери и генерали се ужасно лути на претседателот Зеленски бидејќи премногу зема за себе, и краде многу повеќе од другите. Тоа беше и главната порака што Американците сакаа да му ја пренесат на Зеленски“, рече Херш во интервју за RT.